368
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку својата официјална Фејсбук страна информираше дека е реализирано уште едно ветување од неговата изборна програма.
-Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари.Ќе се доделуваат 5000 денари за секое ново родено дете, средства од буџетот на општина Гази Баба, напиша Стефковски.