За шпионите нема слободен ден

од desk3
78 прегледи

Маскирани како државни службеници, политичари, советници или новинари: издајниците можат да се насекаде околу нас. По повод последниот случај на осуден шпион, спомнуваме некои од најгласните шпионски скандали во Германија- пишува DW.

spionaza

Во политиката

Гинтер Гијом во текот на четири години работи во кабинетот на канцеларот и се издига до позицијата “личен референт” на канцеларот Вили Брант. Како агент на Штази тој предава во Источен Берлин голем број доверливи информации. Откривањето на Гијом беше една од причините за оставката на канцеларот Вили Брант во 1974 година. До ден-денешен тоа останува најгласниот шпионски скандал во повоена Германија.

Алфред Френцел беше пратеник во Бундестагот на СРГ. Социјалдемократот шпионира во корист на комунистичките тајни служби на тогашна Чехословачка. Беше уапсен во 1961 година и осуден на 15 години затвор.

Двојни агенти

Службеникот на западногерманското надворешно разузнавање BND Лудвиг Шпулер имаше пристап до многу доверливи информации што во периодот 1968-1989 со негова помош источногерманска Штази успеа да открие повеќе од 300 агенти на СРГ. Шпулер влезе во затвор за 10 години.

The Washington Post: Русија создаде ефикасна армија, но каде ќе ја користи Путин?

На 14 години затвор беше осуден Хајнц Паул Фелфе, исто вработен на BND кој шпионирал во корист на советскиот КГБ. Само шестгодишна казна доби Габриеле Гаст која беше достигнала до еден од ДИРЕКТОРСКИТЕ позиции во BND пред да ја откријат како шпионка во 1990 година.

Во (западно) германското контраразузнавање, Канцеларијата за заштита на уставот, Хансјоахим Тидге во текот на 19 години работи како шеф на групата “контраразузнавањето против ГДР”. Наместо да се бори против источногерманска шпиони, тој ги напојува Штази со доверливи материјали. Во 1985 година успева да избега, а КГБ го пренесува со авион во Москва.

Во редовите на НАТО

“Топаз” – за шпионот со тоа кодно име веќе има дури филмови. Зад псевдонимот се крие Германецот Рајнер Рјуп кој 12 години работи на висока позиција во НАТО во Брисел и шпионира во корист на Москва и Источен Берлин. Во 1993 година Рајнер Рјуп е осуден на 12 години затвор.

Новинари-шпиони

Издајници има и меѓу новинарите. Во почетокот на 90-тите години на минатиот век во авторитетното списание “Шпигел” беше откриен источногерманскиот шпион Дитхелм Шредер. Луц Кухе, новинар од с “Рајнишер Меркур”, исто така се покажа како шпион на ГДР, кој во рамките на својата кариера добил вкупно околу 450 евра денешни пари.

Овој краток список опфаќа само случаи кои станаа познати по должината обединувањето на Германија. Многу други сеуште се држат во тајност. А во последните 10-15 години германските служби дошле до заклучок дека шпионите веќе имаат доста различни цели отколку за време на Студената војна.

Новите приоритети на шпионите

0,,17259029_401,00

Гинтер Гијом (десно) шпионирал во директното опкружување на канцеларот Вили Брант

Најактивни во Германија се тајните служби на Руската Федерација, САД, Кина, Северна Кореја и неколку блискоисточни земји, велат од контраразузнавањето. Акцентот е ставен на економскиот шпионажа и навлегувањето во различни меѓународни институции и проекти. Еве неколку примери:

Еден 44-годишен шпион им пренесува на Русите доверливи информации за европскиот хеликоптер “Јурокоптер”. Во тој период (2004-2006) тој работи како инженер во европската воздухопловна фирма EADS. Осуден е во 2008 година.

Едно семејство, кое долги години води незабележлив и тивок живот во германскиот град Штутгарт, всушност цело време го снабдува руското надворешно разузнавање СВР со доверливи документи на НАТО и ЕУ. Случајот против двајцата заврши во 2013 година со пресуди помеѓу 5 и 6 години затвор.

Тројца Кинези влегуваат во две големи фармацевтски компании и украле документи за одредени производи и за ценовната политика. На процесот во 2014 година тие тврдеа дека целта им била да се откријат погрешните обиди на германските фирми да конкурираат со цените на меѓународниот пазар со помош на дампинг производи.

Воени информации давал на САД еден референт на средно менаџмент ниво во германското Министерство за одбрана. Кога Шпионот беше откриен, германската Канцеларија за заштита на уставот побара шефот на бирото на американските тајни служби во Германија да биде вратен назад во САД.

Шпионот аматер

32-годишниот Маркус Р. од германското BND штотуку беше осуден на осум години затвор поради тоа што има постапувано по нарачки на Американците. Тие биле поврзани вклучувајќи и за набавка на материјали за работата на Специјалната парламентарна комисија која ги испитуваше активностите на американската Агенција за национална безбедност, кој прислушува и следи комуникации, вклучувајќи и во Германија. Оваа нарачка Маркус Р. така и не ја исполнил, бидејќи контраразузнавачите го фатиле навреме. Всушност, тој се издаде сам, нудејќи услуги и на Русите и испраќајќи еден некодиран мејл. Специјалистите сметаат дека Маркус Р. е повеќе шпион-аматер и нема да остане во историјата на шпионажата.