За што е корисен чајот и хибискус?

од Vladimir Zorba
11,3K прегледи

Хибискусот, освен убав цвет, е и прекрасна и корисна билка. Етеричното масло од хибискус исто така има голем број на здравствени придобивки, благодарение на полифенолите во него.a9bbb0b68b9eb5c0a90ce8077ea46359

За што помага чајот од хибискус?

Го намалува крвниот притисок
Хипертензивните спокојно можат да пијат почесто чај од хибискус, бидејќи тој придонесува за регулирање на крвниот притисок. Активните состојки во него делуваат релаксирачки на мазната мускулатура на крвните садови. Ова помага за нивно проширување, со што крвниот притисок се намалува за неколку интервали.ee4c8b9ee5797aee06f9167e09da010e

Го поддржува црниот дроб
Црниот дроб ги филтрира токсините во телото и ги исфрла. Тој учествува и во производството на црвени крвни клетки, како и во рециклирањето на мртвите такви. Затоа здравјето на овој орган е од големо значење. Чајот од хибискус помага за подобрување на работата на црниот дроб, благодарение на ензимите во него.

Ја намалува високата температура
Во хибискусот се содржат фитохемикалии кои имаат антипиретичко дејство. Поради тоа чајот од хибискус не само што го ублажува воспалението на слузницата на дишните патишта кај вирусни инфекции, но и ја намалува температурата и треската.

Се намалува и холестеролот
Лошиот холестерол исто така игра негативна улога во зголемувањето на крвниот притисок. Редовното консумирање на чај од хибискус делува поволно и врз формирањето на лош холестерол и акумулацијата на плочи на садовите, предизвикани од него.22176d1d32ccc9a8821b96e38226982b

Спречува формирање на камења во бубрезите
Хибискусот го спречува создавањето на камења во бубрезите , благодарение на својството да ја балансира киселоста на внатрешната средина на организмот. Таа во основата има предиспозиција кон создавање на камења.

Чајот од хибискус ја нормализира алкално-киселинската рамнотежа во телото со тоа што ја подобрува сеопфатно неговата здравствена состојба. Благодарение на антиоксидантите и флавоноидите во ова растение ризиците од рак, стареечки процеси, дегенеративни болести и дијабетес се намалуваат значително. Чајот од хибискус е богат и со витамин Ц, кој е важен за здравјето на многу нивоа. Тој е моќен антиоксидант кој учествува во функцијата на имунолошкиот систем.

Слични содржини