Луѓето се свесни луѓе насекаде, но традициите во одделните држави можат да влијаат на динамиката на односите помеѓу двајца луѓе.
Сигурно неверството на едниот од партнерите нема да биде прифатено од другиот, без разлика дали е Кинез, Французин, Грк или Арап, но има работи кои на нас би ни се сториле неважни, но на Индијците не, на пример.
Еве и за што најчесто се караат паровите од различни земји:
Финска
– Сè што треба да биде на место. Дури и облеката има точно определено место во гардероберот и ако не се најде таму, настанува скандал.
– Искреноста, за храната на сватовите / свекрвата. Тие сметаат дека треба да ви се допаѓа нивната храна, но дури и да не е така, треба да молчите и да се смеете, за да не го навлече гневот на партнерот.
– Неуредност. Тоа не е воопшто чудно, всушност е проблем на двојките во целиот свет.
Кина
– Ѓонот на обувките. За Кинезите е многу важно да ги собуете валканите чевли до / пред вратата и да обуете Влечки, штом влезете во нивниот дом. Има логика – никој не сака да чисти екстра!
– Доцнењата. Најверојатно се однесува на дамите повеќе.
– Соблекување и фрлање на облеката на подот.
Индија
– Тишина. Мажите од секој крај на светот се нервозни кога нивните жени молчат, оставајќи ги да се прашуваат каде пак погрешиле. Замислете сепак како е за Индијците кои се осудени на молчење, имајќи предвид колку многу зборови кажуваат за неколку секунди?
– Гледањето на филмот 10 минути по почетокот. Логиката е лентата да се почне од почеток, но некои немаат проблем со тоа да влезат во заплетот и малку подоцна.
Шпанија
– Оставањето на светлото вклучено. Струјата чини пари и често “заборавенкото” е оној кој не ги плаќа сметките.
– Спокојство за време на спор. За темпераментната нација како Шпанците е непростливо едниот да остане смирен за време на скандал. Тоа го лути уште повеќе другиот и чиниите почнуваат да летаат.
Русија и Америка
– Разговорите за политика на општествени собири.
– Прекумерна употреба на ролна хартија. Кога ви треба салфетка, го кинете неопходното од ролната, а не половина од неа, што и онака само ќе ја фрлите.
Република Доминика и Мексико
– Не секое јадење треба да е луто!
– Зачувување на остатоците од храна. Ништо не се прибира за подоцна, а остатоците од масата одат право во канта.