351
Откако папараците ја снимија пресметката на Бен Афлек со неговата сопруга Џенифер Лопез, се појавија нови снимки, но овој пат холивудскиот актер е снимен со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
Двајцата беа снимени откако ги оставија своите деца на училиште додека разговараа прилично сериозно, но не е познато дали темата е поврзана со воспитувањето деца или совети за љубовни проблеми.
Во секој случај, Афлек и во ова друштво не изгледа премногу среќен.