За сите економски ресори кои трпат последици од Ковид пандемијата, Владата ќе ги санира штетите

Поради третиот бран на Ковид 19, дел од економските сектори со одлука на Владата беа затворени за гости во овие две недели. Владата во таа насока, посочува дека заштитата на здравјето на граѓаните е најважна, а сите штети ќе успее да ги санира.

„За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството, на работниците, на нивната ликвидност, на потрошувачката ни враќа во Буџетот пари. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош“, истакна премиерот Заев.

Меѓудругото тој вели и дека во вонредна состојва, угостителските објекти кои вршат достава може да го прават тоа и по стартот на полицискиот час.

„Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, тејк-авеј или ту-гоу без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат“, посочи премиерот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, повтори дека не може да се дозволи да работат рестораните за свадби додека здравствената криза е во тек, но посочи дека за сите угостителски објекти кои се затворени овој период со одлука на Владата ќе следи економска поддршка и додаде дека Владата во неколку наврати спроведе сеопфатни мерки, во кои, како што кажа, рестораните за свадби беа една од целните групи.

„Лани веќе ги поддржавме, но имаме еден проблем со нив, а тоа е дека не можат да се одвојат од останатите, бидејќи мал број од нив се категоризирани според категоризацијата на Министерството за економија. Не може да направиме отстапки за да им се дозволи да работата додека е здравената криза во тек. Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки. Сега фокусот е на тие кои со одлука на Влада им забранивме да работат во овие две недели. Но, сепак сфаќаме, најтешко ќе се вратат во стопанството и размислуваме како за нив, така и за другите што се погодени да ги поддржиме со развојни програми и тоа ќе го направиме“, прецизира Битиќи.

Слични содржини