Денес е убав ден за Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот Христијан Мицкоски присуствуваме на промоција на весник изработен од УМС што ќе се вика „Мегафон“, а името го избравме, бидејќи планираме овој весник да биде гласник на сите млади во Македонија, рече денеска на промоцијата лидерот на УМС Сергеј Попов.
– Во овој весник ќе разработуваме разни теми од областа на економијата, ИТ индустријата, образованието, медицината и сите останати теми кои го засегаат ова општество, а особено младите луѓе. Со овој весник исто така испраќаме порака дека како Унија на млади сили секогаш се движиме во чекор со времето, односно настојуваме секогаш да претставуваме авангарда во нашето општество. Овој весник нема да биде класичен партиски гласник на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, туку во него ќе се обидеме да вградиме со свој интервјуа, колумни, настапи и слично и останати општественици од Република Македонија, односно луѓе кои не доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и не се поврзани со политиката – рече Попов.