384
Состојки:
– 200 мл млеко
– 1 лажичка шеќер
– 10 гр квасец
– 1 јајце и една жолчка
– 350-400 гр брашно
– 2 лажички масло
– малку сол
– 200 гр сирење
– малку маргарин/путер
Подготовка:
Во млако млеко додајте го шеќерот, јајцето жолчката, масло, брашно и сол и замесите мазно тесто. Оставете го малку да одмори па развлечете го на дебелина од половина центиметар.
Премачкајте го со маргарин па на едниот крај изронете сирење, во кое предходно сте додале жолчка. Спротивниот крај исечете го со нож на ленти, па свиткајте кифли почкунајќи од крајот каде е сирењето. Оставете да одмори додека рерната не се загрее на 200 степени целзјусови.
Печете околу 30 минути.