За срцето е добро да се пијат пет кафиња дневно?

од Milan1
50 прегледи

Некогаш се мислеше дека кафето е лошо за срцеви заболувања, но се повеќе истражувања го покажуваат спротивното. Неодамна беше откриено дека кафето ја намалува фреквенцијата на абнормален срцев ритам, вклучително и аритмија.

Една нова студија објавена во списанието „American Heart Association“ покажа дека кафето може да има заштитен ефект против деменција кај постарите луѓе со аритмија.

По испитувањето на здравствените индикатори и потрошувачката на кафе на повеќе од 2.400 луѓе, научниците откриле дека пиењето повеќе од пет шолји кафе на ден е поврзано со подобри когнитивни перформанси на тестовите за внимание, меморија и брзина на обработка во споредба со оние кои пиеле помалку од една шолја кафе или воопшто не пиеле.

Во однос на когнитивната возраст, луѓето кои пијат кафе биле во просек 6,7 години помлади од оние што не пијат.

Овие податоци силно укажуваат дека редовното консумирање кафе може да им помогне на луѓето со аритмија да го одржат когнитивното здравје, пренесува сајтот „zdr.ru“.

Слични содржини