За страсниот бакнеж на Сандра Булок и Скарлет Јохансон се уште се зборува (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Холивудските актерки Сандра Булок и Скарлет Јохансон привлекоа големо внимание на MTV филмските награди во 2010 година.

Имено, Булок тогаш ја доби наградата за најдобра актерка на својата генерација, а кога излезе на подиумот ја бакна колешката во уста.

Имено, тогашниот сопруг на Скарлет Јохансон, Рајан Рејнолдс, глумеше со Сандра во филмот „The Proposal“ и тие беа номинирани за наградата „Бакнеж на годината“.

Сепак, наградата отиде во рацете на Кристен Стјуарт и Роберт Патисон, а Булок ја праша Скарлет зoшто е таа таму. Таа одговори дека се надевала дека ќе ја прифати наградата наместо нејзиниот сопруг доколку тој победи, бидејќи тој бил спречен да присуствува.

Тогаш Булок ја бакна колешката во уста пред сите, а Скарлет збунето се насмевна.

„Жените подобро се бакнуваат?“, кажа тогаш Сандра Булок, а видеото од нивниот бакнеж деновиве повторно кружи на социјалните мрежи.

Слични содржини