За својот роденден Ван Дам беше гостин кај една позната балканска пејачка

од desk4
236 прегледи

За пријателството меѓу филмската ѕвезда Жан Клод Ван Дам и семејството на пејачката Драгана Мирковиќ одамна се зборува, а овој викенд и беше јавно потврдено со неколку објави на социјалните мрежи.

Актерот го прославил 59-от роденден во Виена, во дворецот кој го купиле Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ. По прославата, тие заминале на вечера во луксузен ресторан.

Пејачката изјавила дека иако претходно била настината, направила се за да може да го прослави роденденот на својот пријател во нејзиниот дом.

Неодамна, Ван Дам ја сподели на своите социјални профили песната „Замена“ на Драгана, но и видеото со кое таа му честита роденден.

Слични содржини