За татковината: Кличко се пријавил како резервист во украинската армија

од Nikola Popovski
252 прегледи

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Владимир Кличко во средата се пријавил во резервниот состав на на украинската армија, велејќи дека љубовта кон својата земја го принудила да ја брани. Пред неколку дена неговиот брат Виталиј, исто така поранешен светски шампион во бокс, а сега градоначалник на Киев, изјави дека во случај на руски напад на Украина, тој активно ќе учествува во одбраната.

– Една област оттука, моето девојче оди на училиште. Училиштето во моментов е затворено бидејќи амбасадорите ги испратија своите семејства дома. Љубовта кон мојот град, мојот дом, моето семејство, соседите, ќерка ми ме донесе денес овде, што ја презедов оваа иницијатива и сега учествувам во оваа територијална одбрана – изјави Владимир Кличко, кој со својот брат присуствуваше на отворањето на регрутирачкиот центар на Територијалните одбранбени сили во главниот град на Украина.

Украина се подготвува за можна воена офанзива откако Русија донесе десетици илјади војници во близина на украинската граница во последните неколку недели, иако Москва вели дека нема планови за инвазија. Градоначалникот Кличко посочи дека се претпочита дипломатско решение на конфликтот со Русија, но …

– Ако не, мора да се подготвиме да земеме оружје и да ја одбраниме земјата, рече Виталиј.

Слични содржини