Пени Јунор, заслужна е за многу кралски биографии, открила во јавноста некои непознати детали од животот на идниот британски крал, 71-годишниот принц Чарлс и неговата втора сопруга, 72-годишната Камила Паркер – Боулс, кои во април прославија 14 години брак.

За принцот Чарлс, Јунот рекла дека секогаш бил мрзоволен, и дека токму војводката од Корнвел го трансформирала во личност каква што е денес – секогаш подготвен за шега, но полн самодоверба, каков и треба да биде идниот крал.

Во разговор за магазинот Hello, Пени рекла:
– Она што го забележав е дека во изминатите години тој навистина се промени. Беше многу мрзоволен, сериозен и не се смееше многу. Камила го извлече од таа состојба и во потполност го трансформира. Денес е многу посреќен, задоволен маж, полн самодоверба. Тоа е прекрасно.

Откако и службено ја започнаа својата врска, но и поминаа низ многу контроверзии поради својата „забранета љубов“ и првите заеднички јавни појавувања, многу се смени во животот на војводата и војвотката од Корнвел. Нивното прво официјално излегување, како пар, се случи на 28 јануари 1999 година. Фотографите ги фотографирале пред лондонскиот хотел Ритц кој го напуштиле по забавата за 50. роденден на сестрата на Камила.

Чарлс и Камила се венчаа во 2005 година, а во тој период јавноста беше многу остра кон идната сопруга на британскиот престолонаследник, особено бидејќи ја обвинуваа за крахот на бракот меѓу Чарлс и Дијана, која народот ја обожаваше.

За да ја здобие љубовта и довербата на британскиот народ за Камила не беше ниту малку лесно, но сега успева во тоа, направи нешто што никој не веруваше дека е возможно – му помогна на својот сакан јавноста да ја види и неговата друга страна, забавната, сметајќи дека идниот крал не мора да биде мрзоволен старец без смисла за хумор.

Слични содржини