За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Во август оваа година имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.

Слични содржини