За Центар кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е кошаркарот Дејан Јовановски, на СДСМ Саша Богдановиќ

од desk3
96 прегледи

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Дејан Јовановски ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски бил спортски директор на Работнички, а подоцна работел и во Агенција за млади и спорт. Во 2016 година беше само еден месец генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, а од 30 јули е и во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Противкандидат од редовите на СДСМ ќе му биде Саша Богдановиќ.