По неделниот самит во Брисел, „балканскиот Западен Балкан“ почна да се отвора за понудата која не беше кажана во јавноста- кампови за бегалци на Балканот и земање мигранти.
Српскиот министер за социјални прашања Александар Вулин ги отфрли синоќа шпекулациите дека 10.000 или 15.000 имигранти од Блискиот исток трајно ќе останат во Србија, како услов за продолжување на евроинтеграциите, јави Танјуг.
Тој најави дека утре би требало да биде одржана првата видео конференција на претставници на земјите кои се наоѓаат на рутата на која поминуваат имигрантите и при тоа треба да бидат договорени првите чекори во спроведување на договореното на мини самитот во Брисел.
– Многу работи не се договорени, договорено е засега да почнеме да работиме на олеснување на работата едни на други, рече министерот.
Според него, Србија ќе обезбеди времени прифатни центри, бидејќи е добар домаќин, наведувајќи дека бегалците трајни решенија бараат о Германија, Австрија, Шведска, а не во балканските земји.