За употреба на изразот „полски логор“ до пет години затвор

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Заменик-министерот за правда на Полска, Патрик Јаки изјави денеска дека новата десничарска Влада бара казна од пет години затвор, за секој кој нацистичките концетрациони логори, кои беа отворени во времето на нацистичка Германија на полска територија, ќе ги нарече „полски логори“.

mid_36922

– Престанете да и ја препишувате на Полска дека имала улога во холокаустот, изави Јаки, нагласувајќи дека Министерството за правда сака во Уставот да се вметне „правна гаранција за заштита“ на угледот на оваа држава, која е членка на ЕУ.

Дури и кога се користи како географска одредница, Варшава наведува дека тој термин остава впечаток дека Полска има одговорност за холокаустот.

Полските власти бараа од светските медиуми и политичари да ја исправат својата грешка, кога го користат терминот „поранешен полски концентрационен логор“.

Претседателот на САД Барак Обама го употреби тој израз во 2013 година, поради што подоцна се извини.