491
Секој работен ден, од 8 до 20 часот, трите скопски поликлиники, Јане Сандански, Букурешт и Чаир ќе вршат вакцинација, а во попладневните часови ќе работат и пунктовите во Ченто, Идадија, Бит Пазар и Ѓорче Петров.
Закажувањето на вакцинација ќе се одвива преку апликацијата „Мој термин“, а од утре според најавите ќе функционира и сајтот за пријавување.
Веќе по посебна листа почна пријавувањето на здравствените работници, а досега се пријавиле 4000 од кои половина се од главниот град.