Една 22 годишна студентка од Норвешка за возење во алкохолизирана состојба добила парична казна од 30. 400 долари, но според јавувањето на медиумите, таа можела да помине и полошо.

Катарина Г. Андерсон важи за најбогата девојка во Норвешка, со богатство кое Форбс го процени на 1,23 милијарди долари. Казните во Норвешка се одредуваат според имотната состојба на човекот, па така таа можела да добие парична казна од 4,9 милиони долари, но добила пониска парична казна, бидејќи нема фиксни приходи.

Андерсон која доби 42% од уделот во семејната компанија во 2007 година и важи за најмлада милијардерка во Норвешка, покрај тоа што ќе треба да ја плати паричната казна, има забрана за возење во рок од 13 месеци.

Слични содржини