За време на снимање на интервју камерата во позадина уловила шокантна глетка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Крадец е снимен како краде на плажа во Барселона додека турист на одмор, интервјуиран на шпанската државна телевизија ТВЕ, зборува за одличната храна и убавото време. Човекот се појавил во позадина кога туристот ѝ рекол на новинарката „Ја сакам Барселона“, пренесува „Мирор“.

Интервјуто продолжи без прекин откако мажот се наведна ја зеде чантата и си замина. Додека го правеше тоа, туристот само рече „Плажата е многу убава, а водата е чиста и студена“.

Неколку секунди подоцна се појавил збунетиот сопственик на ранецот и почнал да вика дека некој му ги украл работите, а потоа прашал дали некој го видел крадецот.

За малку ќе налеташе на камерманите додека на плажата извикуваше „Мојата торба“.

Човекот што го интервјуираат очигледно е целосно несвесен за хаосот зад него, па продолжува да разговара со новинарот и да споменува колку ја сака храната.

Снимката е направена на популарната плажа Сан Микеле во градот и стана вирална во понеделникот. Полицијата откри дека влегла во трага на крадецот и го идентификувала осомничениот.

– Благодарение на видеото објавено на социјалните мрежи и полицискиот извештај на жртвата, го идентификувавме и пријавивме сторителот на кражбата на плажата Сан Микеле. На видеото се гледа како крадецот го искористува отсуството на сопственикот за да ја украде торбата и да побегне од местото на настанот – изјави портпаролот на полицијата.

Слични содржини