За Закаријаш, „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот“ (АУДИО)

од Nikola Popovski
377 прегледи

Се појави аудио-снимка од контроверзната изјава на португалската министерка за европски прашања Ана Паула Закаријаш, која зборуваше за бугарско-македонскиот спор.

-Северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик, е точната фраза што ја искористила државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел, објави порталот „СДК“.

„Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ за да им помогнат да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат попречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со северномакедонскиот јазик, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат своите резултати пред да одлучат како да постапат “, изјавила Закаријаш, одговарајќи на новинарско прашање поставено од Бугарското национално радио.

Таа го опишала како „важен момент“ да не се донесат несогласувања меѓу двете земји во ЕУ:

„Ние мора да ја почитуваме бугарската позиција и тоа го сторивме. И важно е да не се воведат несогласувања и проблеми во ЕУ меѓу две земји. Ние сакаме тие да бидат решени пред некоја земја да влезе во Европската унија. Затоа не можеме да започнуваме, затоа што мораше да и дадеме време на Бугарија да го реши ова со Северна Македонија пред да ја свикаме меѓувладината конференција“.

Португалската амбасадорка во Република Северна Македонија, Марија Вирџиниа Мендес да Силва Пина ги демантира извештаите во бугарските медиуми.

Според Пина, Закаријаш рекла „дека има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија, и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.

Слични содржини