Секој човек мора барем дава пати неделно да јаде риба, од кој еден оброк би морало да бидат сардели, пастрмка, лосос, скуша, бидејќи содржат најмногу омега-3 масни киселини. Експретите истакнуваат дека омега – 3 е важна за здравјето, бидејќи помага против кардиоваскуларните болести, ги засилува мозочните функции и го јакне имунитетот.

Екпертите препорачуваат да се јаде риба наместо рибни препарати бидејќи рибата содржи и витамин Д, селен и јод кои помагаат во борбата против болестите на срцето. Рибата е одличен извор на белковини, витамини, минерали и масни киселини и затоа е чест избор на спортистите и луѓето кои се грижат за исхраната. Богата е со калиум, натриум, железо, фосфор, магнезииум, цинк, бром, кобалт и бакар кои на организмот му служат како заштита, а морската риба е и значаен извор на јод. Оваа намирница е богата и со витамините А, Б, Д и Е, а бидејќи побрзо се вари од месото на другите животни, во човечкиот организам не создава голема количина на мокрачна киселина што го олеснува варењето и не го труе организмот.