Почетна / Локално / За зимско одржување на скопските улици обезбедени 6.000 тони индустриска сол

За зимско одржување на скопските улици обезбедени 6.000 тони индустриска сол

Ииндустриска сол, од кои 2.000 тони се залиха од ланската зимска служба. Обезбедени се и 300 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини, соопшти денеска Град Скопје потенцирајќи дека со јавните градски претпријатија се подготвени за зимската сезона.

Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од 2.600.000 квадратни метри.

ЈП „Улици и патишта“ изготвува и предлага Оперативен план за функционирање на зимската служба и е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал. И оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.

Обезбедените материјали се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта“ – асфалтната база на ЈП „Улици и патишта“ во кругот на фабриката „Железара“, Стара механизација на ул. „Христо Татарчев“ во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на ул. „Лепенец“. Во пунктовите се организирани 24 часовни дежурства, а материјалите ќе се употребуваат согласно со временските услови.

-Во текот на зимската служба коловозните ленти ќе се расчистуваат според приоритетите, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти. Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на програмата и своите надлежности да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавните површини во зимски услови, стои во соопштението.

Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата навреме да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавната чистота, ќе изрекуваат казни.

Зимското одржување на градските улици и булевари завршува на 15 март 2020 година

loading...