Забележан пад на квалитетот на сателитскиот систем Starlink поради геомагнетна бура

од Vladimir Zorba
735 прегледи

Starlink, сателитскиот огранок на SpaceX на Елон Маск, денеска соопшти дека забележала пад на квалитетот и услугите на сигналот бидејќи Земјата е погодена од најголемата геомагнетна бура поради сончевата активност во последните две децении.

Starlink поседува околу 60 отсто од приближно 7.500 сателити кои орбитираат околу Земјата и е доминантен играч на сателитски интернет, објави Ројтерс.

Маск претходно на платформата Икс (Твитер) изјави дека сателитите Starlink биле под голем притисок поради геомагнетната бура, но дека „засега се држат“.

Слични содржини