Научната иницијатива ЛИГО, која опфаќа научници од голем број земји на светот, објави дека го детектирала најмасовниот познат судир на црни дупки, како резултат на што се создала нова голема црна дупка со маса на повеќе од 225 Сонца.
Сигналот GW231123 им противречи на сега познатите модели на ѕвездена еволуција и астрофизичарите се обидуваат да сфатат како воопшто е можен таков судир.
LIGO, кратенка од Laser Interferometer Gravitational-wave Observatory влезе во историјата на астрономијата во 2015 година, кога првпат детектираше гравитациски браноци – вселенски одек на судир на две црни дупки. Гравитациските бранови се набрчкувања на простор-времето што се создаваат при насилни вселенски настани, и патуваат со брзината на светлината во сите правци, како кругови на вода, но со текот на времето ослабуваат сѐ додека не изчезнат.
Сигналот GW231123 забележан на 23 ноември 2023 зборува за неверојатно силен судир на две црни дупки. Тие, едната со маса колку 137 Сонца, а втората со 103 Сончеви маси, успеале да останат стабилни и покрај огромната вкупна маса и се развртеле со брзина 400 000 пати побрза од ротацијата на земјата, создавајќи уште поголема црна дупка. За споредба, досегашниот рекордер GW190521 има отприлика 140 Сончеви маса. Но, иако масите на црните дупки се многу поголеми од масата на Сонцето, нивната големина е многу, многу помала од тоа на нашата ѕвезда.
„Вакви настани би требало да се невозможни“
Со оглед на гравитациски хаотичната природа на околината на црните дупки, полна со набои на привлекување и одбивање, овој судри регистриран во ноември 2023 година бил доволно стабилен за LIGO да ги регистрира неговите гравитациски бранови. Сигналот траел 0,1 секунда.
„Според стандардните модели на ѕвездена еволуција, ваквите настани би требало да се невозможни“, вели Марк Ханам, член на LIGO и астрофизичар од Универзитетот Кардиф.
Тој има и хипотеза како би можело да се случи ваков вселенски настан.
„Единствената можност е овие две црни дупки да настанале со спојување помали црни дупки. Ова е најмасивниот бинарен систем на црни дупки што досега сме го виделе преку гравитациските бранови и претставува сериозен предизвик за нашето разбирање на настанувањето на црните дупки“, вели Ханам.
Научниците своите откритија за GW231123 ќе ги претстават следнава седмица на 24. Меѓународна конференција за општата релативност и гравитацијата (GR24) и на 16. конференција за гравитациските бранови „Едоардо Амалди“, што заеднички ќе се одржат во Глазгов.