Заборавете на “јавачката“ поза, да не ви се скрши пенисот

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Постојат мажи кои сакаат да доминираат и секогаш се одозгора за време на секс. Други пак сакаат да си лежат назад, додека нивната партнерка ги јава и ја врши целата работа.Вторите нека наострат уши, бидејќи може сериозно да настрадаат.2dc49369485f1de0ca4fa610713ef9bf

Ново истражување, објавено во Advances in Urology соопшти дека позата “јавачка” (кога жената е одозгора) е најопасната за мажот, бидејќи за време на неа настануваат најмногу фрактури на пенисот. Во истражувањето учествувале 42 “жртви” со повреди на половиот орган, 28 од кои биле хетеросексуалци.

По краток распит е утврдено дека најчесто мажите може да настрадаат при три пози: мисионерска, кучешка и јавачка. 50% од повредите на пенисот се добиваат кога таа е горе; 29% при кучешката секс поза и 21% при мисионерската.

Според истражувачите, кога жената е надмажот, таа ги контролира движењата и дури и тој да почувствува болка, тешко може да ја запре навреме. Фрактурите се добиваат кога пенисот е во ерекција и добива силен притисок (најчесто во средината), што дури може да доведе и до кршење при силен притисок или нагла промена на аголот.

Некои од настраданите мажи се заколнале дека слушнале пукање за време на актот, по што почувствувале пеколна болка.