Националниот координатор на Владата за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец вечерва истакна дека не смееме да се плашиме од преговорите за членство во ЕУ и дека треба со засукани ракави да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во Унијата.
-Полесен пат нема, ниту алтернативен. Сите идеи за некаков полесен или заменски план се опасни планови на антизападните центри кои земјава сакаат да ја носат во режими и изолации. Нашата позиција е јасна: гаранција за македонскиот јазик и идентитет. За тоа сигурен сум дека ќе се избориме, зашто друга опција не постои и никој тука не ни помислува на друга опција освен чист, дефиниран и деклариран македонски јазик во преговарачката рамка, објави Забрчанец.
Според него, „ниту Преспанскиот договор не ни падна од небо, туку си ја сработивме и уште реализираме обврски од Договорот, бидејќи тоа подразбира да се биде одговорна власт“.
-Гласот против отворање на преговорите со ЕУ во услови на гарантиран македонски јазик и идентитет е глас против демократската и европска агенда на Македонија и глас против нашата западна евроатлантска определба. Гласот против Европа е пропратен со руски знамиња и вергини, стои во објавата на Забрчанец.