175
Забрана за движење на товарни моторни возила е воведена на патните правци на патниот правец Гостивар-Стража-Маврово, превој Ѓавато меѓу Битола и Ресен, и на тешки товарни возила на патот помеѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.
-Од 16:05 часот на патниот правец Гостивар- Стража – Маврово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Од 14:15 часот превој Ѓавато, магистрален пат Битола – Ресен. Од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир, се вели во соопштението.