Забранет увоз на руски јаглен во земјите од ЕУ: Ембарго како дел од санкциите поради инвазијата на Украина

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Од среда (10 август) е забранет увозот на руски јаглен во Европската унија.

Ембаргото е дел од пакетот санкции со кои ЕУ сака да ја „присили“ Русија да ја прекине војната против Украина.

Одлуката за прекин на увозот на руски јаглен беше донесена пред 120 дена. Тој период им беше даден на увозниците на јаглен од Русија – кои се главно електрани и индустрии од Германија, Полска, Италија, Холандија, Шпанија и Франција – да имаат време да бараат алтернативни снабдувачи.

Тие шест земји се (беа) најголеми купувачи на руски јаглен во Европската унија.

Досега, според Европската комисија, Русија испорачувала 20 отсто од својот јаглен на земјите од ЕУ – и на тој начин остварила годишни приходи од околу осум милијарди евра.

Според „Евростат“, земјите од ЕУ покривале околу 50 отсто од своите потреби за овој извор на енергија со увоз од Русија. Сега треба некако да надокнадат.

Пронајдени се алтернативи, оценува Здружението на европски добавувачи на јаглен „Еурокоал“ од Брисел.

Трговците со јаглен, тврдат од организацијата, договориле испорака на јаглен од Австралија, Индонезија, САД и Јужноафриканската Република, како и испорака на кафеав јаглен од девет други земји.

Полска, исто така, извезува повеќе јаглен отколку порано во соседните земји.

Слични содржини