Поранешните политички и воени водачи на ОВК кои се во притвор на Специјалниот суд во Хаг, во моментов можат да контактираат со членовите на нивните семејства само преку видео повици, пренесува Репортери.
Специјалниот суд потврди дека обвинетите, кои се во притвор во Хаг, никој не може физички да ги посети.
„Општо, личните посети на притворската установа во моментов не се можни поради мерките поврзани со Ковид-19. Наместо тоа, за да се олесни редовниот контакт со семејството, се обезбедуваат состаноци преку видео врски и се плаќаат разумен број телефонски повици на притворените“, изјави портпаролот на Специјалниот суд, Ангела Грип.
Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за низа злосторства, од заплашување сведоци кои ги барале поранешните водачи на воени ветерани на ОВК, до убиства и сурово однесување кон луѓето од страна на поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Јакуп Красниќи, Реџеп Сељими и Саљих Мустафа
Притворскиот центар на Специјалниот суд се наоѓа во затворскиот комплекс Хагланден во Хаг.
Овој затвор е единствен во Холандија и единствен каде на притворените лица им се обезбедуваат услуги за физички и психијатриски третман 24 часа на ден.
„Хагланден“ се наоѓа во Шевенинген и може да прими околу 200 лица.