ChatGPT е исклучително корисен кога сакаме брзо да добиеме некои информации, но има и свои слаби точки.
Има имиња кои кога пишувате во ChatGPT изгледаат како да „паѓа“, односно добивате само повратна информација дека овој четбот во моментов не може да ви даде одговор за нив.
ChatGPT го завршува разговорот веднаш штом спомнете некое од овие имиња, а сето тоа е резултат на специјалниот филтер што ја „врти раката“ пред четботот да испрати одговор до корисникот.
OpenAI никогаш јавно не ги коментирал овие случаи, но најверојатно тоа се имиња на луѓе кои ја тужеле компанијата или побарале „трајно да се избришат“ од базата на податоци.
И ние пробавме, а ова се имињата по кои ChatGPT го заврши нашиот разговор (како што се напишани на англиски):
Brian Hood
Jonathan Turley
Jonathan Zittrain
David Faber
Guido Scorza
Сè започна со првото име на оваа листа, кога австралискиот градоначалник Брајан Худ се закани дека ќе го тужи ChatGPT во средината на минатата година, откако откри дека четботот лажно тврдел дека Худ бил затворен за корупција, а всушност тој бил свиркач во случајот за кого се работи.
Што се однесува до останатите на списокот, таму има се, но ситуацијата е горе-долу слична. Главно се работи за луѓето кои го тужеле ChatGPT поради лажните информации што ги ширел за нив.