Забрането напуштање кучиња пред „Лајка“ – ќе се пријавува кај надлежните

од Илинка Илиоска
22 прегледи

ЈП „Лајка“ испрати апел до граѓаните да не ги напуштаат малите кучиња пред стационарот. Од „ Лајка“ посочуваат дека ова е строго забрането според законот за заштита и благосостојба на животните, член 26.

„ Воедно сакаме да предочиме дека стационарите каде транзитираат голем број на кучиња се последното место каде треба да оставите мали кучиња. Според програмата за работа ЈП Лајка не смее да ги прифаќа кучињата на возраст под 7 месеци, ниту има можност за нивно трајно вдомување или лекување.

Со оставање на мали кучиња пред ЈП Лајка, ги осудувате на контакт со вируси на кои нивниот имунитет не може соодветно да се спротистави, имаат нула шанса за преживување и подложни се на болно умирање. Немојте, со намера да направите добро дело, да направите непоправлива штета“, се вели во соопштението.

Од „Лајка“ истакнуваат и дека милениците треба да се стерилизират и на тој начин се превенира со непожелни едининки на улица. Од стационарот посочуваат дека нивниот простор пред вратите на „ЈП Лајка“ ќе биде под видео надзор, а секое подметнување на кучиња ќе биде пријавено кај надлежните органи.

Слични содржини