Забранија електронски цигари во Сан Франциско

од Vladimir Zorba

Градскиот совет на Сан Франциско гласаше привремено да биде забранета продажбата на електронски цигари. Таква мерка се воведува за првпат во американски град.

Забраната гласи дека „во Сан Франциско никој нема да има право да продава или дистрибуира електронски цигари на никого”, освен ако производот е проверен и одобрен од Управата за контрола на храна и лекови.

Претходно овој месец Управата издаде директива според која производителите на електронски цигари треба да аплицираат за одобрување пред да почнат да ги продаваат своите производи.

Забраната влегува во сила 30 по потпишувањето од градоначалникот, но се очекува да почне да дејствува целосно за околу половина година.

Слични содржини