-Една од иницијативите на Отворен Балкан е „пакување“ на регионот како регион кој е атрактивен за туризам, за кастрономија, регион со убава храна и атрактивен по добро вино, рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец во „Утрински печат“.
Тој исто така кажа дека има поддршка од САД да се „пакува“ регионот како единствен пазар со цел да се привлечат поголем број на странски инвестиции.
-Мојата проценка за приклучување на нови држави кон Отворен Балкан ќе расте како што растат резултатите од проектите. Бидејќи кога ќе паднат работните дозволи, тоа ќе создаде економска дејност, забрзување на економската соработка меѓу трите држави. Кога тоа ќе се расчуе во Босна и Херцеговина, во Косово и во Црна Гора ќе се создаде притисок од оние кои треба да имаат бенефит, граѓаните и компаниите кон своите власти, рече Забрчанец.
Тој кажа дека стопанските комори во овие земји веќе почнуваат да вршат притисок кон своите власти за зголемена економска соработка.