Забрчанец: Владата да ги ископира и спроведе успешните мерки од планот за чист воздух од 2019-2020

од Nikola Popovski
15 прегледи

Поранешниот Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец смета дека Владата треба да ги ископира успешните мерки од планот за чист воздух од 2019-2020 година и да ги спроведе по итна постапка.

„Аерозагадувањето нѐ труе сега, денес, секој ден. За заштита на здравјето и животот на луѓето нужна е итна акција, денес. Имаме примери како се прави тоа. И тоа домашни, од периодот 2018-2020 година. Период кога Владата, граѓанските еко организации и иницијативи, Градот Скопје и дел од општините ја сфатија алармантноста и преминаа заеднички кон дневно, штапско справување со аерозагадувањето“, пишува Забрчанец меѓу другото на Фејсбук.

Според него, дел од мерките може да им послужат на одговорните денес, за да ни овозможат да дишеме.

„- СТРАТЕГИЈА – утврдување на борбата со аерозагадувањето како стратешки приоритет во владината програма
– ШТАБ – формирање кризен штаб за справување со аерозагадување во кој учествуваат Владата, Градот Скопје, ЗЕЛС и невладините
– ТРАНСПАРЕНТНОСТ – дневна комуникација со медиумите и граѓаните и транспарентно информирање за сите преземени мерки
– ЕДУКАЦИЈА – активна медиумска едукација на населението за откажување од греење со биомаса, за откажување од палење стрништа и слично
– ИНСПЕКЦИИ – контрола и казни за сите загадувачи, без разлика дали се институции или компании
– ЛЕГИСЛАТИВА – иницијативи за законски измени со цел воведување нови мерки
– АКЦИИ – за замена на огрев на дрва со клима инвертори
– АКЦИИ – за вклучување на администрацијата во чистење на околината
– АКЦИИ – за замена на системите на греење на сите јавни објекти
– АКЦИИ – за субвенционирање и олеснување на трошоците на домаќинствата за трансфер кон еколошки начин на греење

Здравјето на луѓето не може да го чека премиерот да „најде партнери коишто врз основа на пазарни услови, ќе вложат во систем на затоплување на домовите којшто ќе се базира на согорување на природен гас, односно когенеративни централи кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас“. БОРБА ЗА ЗДРАВЈЕ – ДЕНЕС, СЕГА, ВЕДНАШ“, пишува Забрчанец.

Слични содржини