Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец во статус порача дека врхушката на ДПМНЕ во нивните 11 години го оставила македонскиот јазик да тоне.
-На милиони евра потрошени за споменици, барок, кампањи и пропаганда, не преземаа ама баш никакви активности за промоција на македонскиот јазик. Најверојатно не им се допаѓаше бидејќи е словенски, а тие нели антички. Отидоа до таму што еден од најголемите македонисти, Блаже Конески, го нарекуваа џуџето од Небрегово, истакна Забрчанец.
Тој наведува дека дојдоа нови, многу подобри времиња за нашиот јазик, па од таму Владата го прогласи 5 Мај за Ден на македонскиот јазик.
-Постојано се зголемува бројот на лекторати низ светот во кои се изучува македонскиот јазик. 300 студенти на универзитетите во Истанбул, Риека и во Будимпешта го изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и уште 100 на универзитетите во Торонто, Љубљана и Марибор, Загреб, Лондон, Познањ, Нови Сад, Брно и Храдец Кралове, Братислава… Наскоро ќе се отвори и нов лекторат во Анкара, а се прават подготовки и за Пекинг. Државата во текот на 2021 организираше серија достојни и суштински настани за промоција на македонскиот јазик низ јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Конечно, со Договорот од Преспа и пријателска Грција ни го потврди нашиот македонски јазик, посочува Забрчанец во објава на социјалните мрежи.