„Папагалите на Алфа, еден стенд-ап комичар на фејсбук и еден квази портал што го срами името “Република” изнесоа лаги кои во теорија не ја заслужуваат мојава реакција, но во исто време тоа беа лаги кои ја вознемирија мојата фамилија Забрчанец во Прилеп. Националистичката пропаганда синоќа изнесе лаги и клевети спакувани во прашална форма, дека јас сум бил наводно потомок на “подмочан благонадежен Блгарин” Божидар Забрчанец кој наводно и служел на „фашистичката окупаторска армија”, пишува Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на С. Македонија, Марјан Забрчанец.
„Му благодарам на дувлото што ми ја мобилираше партизанската прилепска фамилија Забрчанец, и што ме натера да се соочат со антифашизмот со факти и докази кои нема да им се допаднат“, додава тој во својот ФБ статус.