Забрчанец: Прашувам, зошто на Груевски и ДПМНЕ им пречеше македонскиот јазик?

321 прегледи

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, денес на својот фејсбук профил објави резиме во однос на политиките по 2017. година, кои како што вели, биле покрупни чекори за македонската политичка сцена.

„Зошто на Груевски и ДПМНЕ им пречеше македонскиот јазик?
Еве неколку од покрупните чекори на новата политика после 2017:
– Македонскиот јазик – потврден и признаен со историскиот Договор од Преспа
– Нема преговори со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет
– 5 мај – прогласен за Ден на македонскиот јазик
– Љубојно – Започнуваат подготовките за изградба на Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик
– 2021 – 100 години од раѓањето на Конески, година посветена на џинот
– Дигитализиран Правописот на македонскиот јазик (pravopis.mk), следува дигитализација и на толковниот речник…“, се вели во фејсбук објавата на Забрчанец.

Слични содржини