Забрчанец: Учеството на говор на омраза во етерот е отров за општеството

344 прегледи

Во своето гостување во Студио 10, националниот координатор за статегиско планирање во Владата, Марјан Забрчанец, посочи дека јавниот говор на омраза е секаде присутен и го нарече отров за општеството.

„Поголемо учество во јавниот етер, говорот на омраза е отров за општеството. Свесни сме дека Владата има сериозна одговорност, но апелираме и другите чинители да се гласни. Не значи дека новинарската фела прави малку, но секој може подобро. Сами оваа војна не може да ја водиме. Оваа Влада е демократска, нема намера да посегнува по цензури, па за тоа велиме дека секој чинител треба да преземе дел од одговорноста. На страната сме на професионалното новинарство. Често има случаи каде што постои булинг, за тоа дознава јавноста, но никој не го пријавува тоа во МВР. Доколку има пријава, МВР го процесуира тоа до Обвинителство, а и ние сме незадоволни од дел од обвинителствата, да постапуваат побрзо и поквалитетно. Не мислам дека е намерата да се замолчуваат новинарите, ќе застанеме со сите капацитети во одбрана на новинарите. Општеството ќе оди напред само ако има ослободени новинари од центрите на моќ, влијанија постојат секогаш и секаде, прашање е колку е општеството отпорно на влијанија на центри на моќ“, истакна Забрчанец.

Слични содржини