Зад грб на Путин: Висок функционер на Кремљ контактирал со Западот?

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Висок руски функционер наводно тајно контактирал со западните земји за помош за прекин на воената операција во Украина, пишуваат медиумите.

Како што пренесува британски „Мирор“, таен член на елитното опкружување со рускиот претседател Владимир Путин наводно открил дека официјален Кремљ е во паника и очајнички сака да стави крај на војната во Украина. Медиумите пренесуваат дека изворот нуди почеток на преговори за да се прекинат воените дејствија.

Светските медиуми истакнуваат дека овој извештај е пронајден меѓу западните разузнавачки служби, а претставниците сметаат дека блиските советници на Путин се загрижени за штетите што санкциите ѝ ги нанеле на руската економија.

Некои функционери на Кремљ исто така се загрижени за борбите со висок ризик, како што се судирите во близина на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

„Мирор“ смета дека контактот најверојатно е воспоставен со американската агенција ЦИА или со некој од западните дипломати, а истиот медиум пишува дека тоа е направено зад грбот на Путин.

„Претставник на потесното опкружување на Путин испрати сигнал до Западот дека постои желба за почеток на преговорите. Меѓу елитата во Кремљ владее паника“, пренесува „Мирор“ и наведува дека станува збор за анонимен официјален московски инсајдер кој е „еден од столбовите на режимот во Русија“.

Слични содржини