Зад кои љубовни хитови се кријат вистински приказни

од Stefanija Kuzmanovska
707 прегледи

Некои од најубавите балади и песни на големите музички екс ју ѕвезди секако се едни од оние кои најчесто ги слушате во часовите на носталгија и сеќавања на некои минати денови и несреќна љубов. Но, она што веројатно е малку познато за сите вас кои страдате со споменатите песни, се вистинските тешки љубовни приказни кои ги поттикнале авторите на текстовите, целата своја емоција да ја претворат во стихови, пренесува „Нова.рс“.

Prljavo kazalište – „Tu noć kad si se udavala“

Баш како што вели песната „постојат некои други светови“, така има и некои други приказни за тоа што се крие зад еден од најголемите хитови на Prljavo kazalište. Во сите верзии, главната улога ја играат членот на групата Јасенко Хоура и неговата поранешна девојка, која му ветила дека ќе го чека да се врати од војска.

По неговото враќање, дознал дека закажале свирка за свадба за која се покажало дека е венчавка на неговата девојка, односно поранешна во тоа време. По овој настан, беше снимен филм во продукција на Хрватска. Истата приказна со малку поинаква и потрагична завршница се најде како втора верзија на „Tu noć kad si se udavala“, бидејќи според наводите, девојката се самоубила во моментот кога го видела своето поранешно момче.

Riblja Čorba и „Ostani đubre do kraja“, песна напишана од Бора со посвета на една од најпознатите југословенски манекенки, Билјана Невајда Шевиќ.

Двајцата уживаа во љубовта околу шест месеци, а потоа еден ден Билјана го повикала фронтменот на Riblja Čorba  да се збогува со него, бидејќи одлучила да го продолжи својот живот во Сараево.

Вистински емотивно повреден, рокерот на шанкот во кафулето каде се поздравиле ја напишал песната, која и денес е една од најпознатите песни на оваа група. И за друг голем хит, „Dva dinara druže“, инспирација пронашол во неа.

Големиот хит „Moj je život Švicarka“, на кантавторот Дино Мерлин, е создаден на многу интересен начин.

Имено, како младо момче, Мерлин се вљубил во девојка која била „спонзоруша“. Бидејќи Дино во тоа време бил многу сиромашен, таа го оставила и заминала во Швајцарија со друго богато момче. Кога се вратила во Сараево, Мерлин веќе се прославил и тогаш за првпат ѝ ја отпеал оваа песна.

Во еден период, на Мерлин му се собрале многу проблеми, па тој завршил на психијатрија на лекување во Германија, а тогаш ја изразил состојбата на својата душа со песната „Ja potpuno trezan umirem“.

И една од неговите најубави балади, „Nedostaješ“ е посветена на неговата покојна мајка.

Групата Индекси и песната „Bacila je sve niz reku“ е тажна љубовна приказна на пејачот Даворин Поповиќ и девојка од Сараево.

Култната песна на југословенскиот рок бенд „Индекси“ зборува за љубовта помеѓу Даворин Поповиќ и една девојка од Сараево која забременила, но решила да абортира и покрај тоа што тој сакал да се венчаат.

Некои приказни понатаму укажуваат на тоа дека години подоцна, Даворин ја видел истата девојка во публиката на концертна турнеја во Шведска, по што го прекинал настапот со цел да се спушти кон публиката. Сепак, залудно ја барал неа, која исчезнала исто како и години порано.

 

 

Слични содржини