Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг вчера зад затворена врата одржа расправа за актуелните случувања во Македонија и, според она што се дознава, таа главно била информативна и не резултирала со формални заклучоци. Заедничко мислење на пратениците што учествувале на расправата било дека Македонија е на раб на катастрофа, бидејќи во неа не функционира правната држава, не функционираат институциите и Собранието, има социјална несигурност, а секој четврт Македонец си заминал од земјата-пишува „Утрински“.
На расправата учествуваше и известувачот за Западниот Балкан, пратеникот Јосип Јуратовиќ, кој не сакаше да изнесува детали од затворената расправа, туку се задржа на личните согледувања.
„Ситуацијата во Македонија е многу сложена. Обвинувањата за прислушувањето треба да се испитаат од независна комисија, бидејќи во спротивно тој товар ќе го носи секоја идна влада. Со оваа афера мора да се расчисти“, порача тој за „Утрински весник“.
Повеќе ТУКА
