„Заедно за хумано утре“ повикува на протест поради злоупотребување на службената положба на директорката „Лајка“

од Берта Китинска
302 прегледи

Фејсбук групата „Заедно за хумано утре“ ги повикува здруженијата за заштита на животни на мирен протест за да го искажат незадоволството од  в.д. директорката на ЈП Лајка Скопје и нејзиното грубо и несанкционирано злоупотребување на службената положба.

-Драги луѓе, здруженијата за заштита на животни по повеќемесечната голгота со в.д. директорката на ЈП Лајка Скопје и нејзиното грубо и несанкционирано злоупотребување на службената положба, ве повикуваат на мирен протест утре (сабота, 6 февруари) со почеток во 12 ч. пред стационарот на ЈП Лајка (бившо Вардариште).

Бараме:

1. Прекин на прогонот на активистите и опструирање на нивната волонтерска работа
2. Итно разрешување на в.д. директорката на ЈП Лајка и јавен повик за назначување на таа позиција на долгогодишен активист-волонтер кој ужива углед меѓу активистите
3. Градоначалникот на Град Скопје итно да отпочне постапки против актуелната в.д. директорка за да спречи понатамошна злоупотреба на службената должност
4. ЈП Лајка веднаш да се отвори за јавноста секој ден, а не само еден ден во неделата и тоа со закажување
5. ЈП Лајка итно да почне со масовни стерилизации и кастрации на бездомни животни
6. Во најкус можен рок јавно да се објават сите документи поврзани со работата на ЈП Лајка што е законска обврска
7. Да се укинат постојните и да се изработат усогласени со закон обрасци со кои ЈП Лајка воспоставува формално-правни односи со граѓаните.

Единствената заложба на здруженијата е хумано и трајно справување со бројот на бездомни животни на улиците, наоѓање соодветни домови за нив, конечно зауздување на неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и трговијата со животни. А ова единствено се постигнува со работење во согласност со законот, унапредување на законите во склад со најновите научни податоци и искрена посветеност на етички и хуман третман на животните. Ова не се постигнува со лица назначени на јавни функции кои ја злоупотребуваат должноста!

Нема да дозволиме никој што е платен со нашите пари и чија должност е нам да ни служи – да работи на штета на животните!Придружете ни се утре, сабота, 12 ч. пред стационарот на ЈП Лајка!ВАЖНО: Носењето заштитна маска и одржувањето растојание на протестот се задолжителни! Да го изразиме достоинствено својот револт, да се грижиме и за сопственото и за туѓото здравје!, стои во соопштението.

 

Слични содржини