Разговор помеѓу Филимена Маневска и Влатко Мијалков
.jpg)
.jpg)

ФМ: Да?
ВМ: Добар ден, Филимена.
ФМ: Добар ден.
ВМ: Сакам нешто да Ве прашам.
ФМ: Кажи.
ВМ: Дали ја познавате Тереза Блажевска, одговорна во Апелација е?
ФМ: Да бе, ја знам, на кривично доле.
ВМ: Дали нешто со неа ќе можеме да поразговараме? Сега не би сакал по телефон.
ФМ: Мх.
ВМ: Имаме ли простор, да се поразговара нешто со неа? Може и да се видиме кога ќе бидете подобри.
ФМ: Аха. А чекај, за некој предмет сакаш?
ВМ: Да, да.
ФМ: Слушај, оди кај Љупка, претседателката.
ВМ: А која беше Љупка?
ФМ: Љупка Арсениевска, претседателка на Апелација. Таа ептен наша е.
ВМ: Аха.
ФМ: Па не се сеќаваш, преку неа го завршивме за, за ова, за Каранаков?
ВМ: Ееее, да, да, да, да да, да да.
ФМ: Па преку неа, нели?
ВМ: Да, да, да.
ФМ: Ти слободно иди. Кажи Филимена ме испрати, ич без проблем.
ВМ: Така, така, така.
ФМ: А она со Тереза ќе си среде.
ВМ: Така, така, така. Добро. Фала за советот. Иначе…
ФМ: Да де тоа. Обавезно иди, претстави и се и кажи дека јас сум те испратила. Љупка…
ВМ: Иначе, вчера Ве гледам, во одлична кондиција сте. Ти и Михајло.
ФМ: А бе, се држиме, работиме, што да правиме.
ВМ: Е па така треба.
Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер
ГЈ: Да
МП: Ало.
ГЈ: М, кажи?
МП: Горде?
ГЈ: Кажи?
МП: А бе, се сеќаваш за овој другар ми, Диме?
ГЈ: Добро?
МП: За жена му шо овакво, и сега кривична и стегнале. Што направила сообраќајка.
ГЈ: Ај пушти ми податоци, да видам со обвинителот.
МП: Да, да, да, ќе ти пуштам.
ГЈ: Ама не, океј е ако и пуштиле кривична, ама да падне треба кривичната.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Нели така се договоривме?
МП: Така, така, така.
ГЈ: Си забораил? Пушти ми податоци.
МП: Не бе, така, така.
ГЈ: Ееее, глеаш. Хаха. Ајде, пушти ми податоци.
МП: Чао, чао.
ГЈ: Ајде, чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Втората работа е, една молба до тебе имам.
СМ: Аха.
ГЈ: Има едно човече, аа, Величковски Сашо се вика, ние сме го тужеле, он е сега пензионер…
СМ: Добро.
ГЈ: …повреден у 2001. И сега ние, као на Влада имавме став да повлекуваме тужби…
СМ: Аха.
ГЈ:…сите тие работи, ама имаше еден дел на тужби што не можевме да ги повлечеме, оти веќе се беше завршено.
СМ: Добро.
ГЈ: И човеков, сега пред Врховен му е предметот, практично по наша тужба од МВР, да враќа пари за отштета. Тој исто ни врши многу работа на терен, овие Достоинство ги…им отцепува…
СМ: Што треба да правиме ние?
ГЈ: Да го изгубиме спорот, ние МВР на Врховен.
СМ: Добро. Прати ми број и готово.
ГЈ: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и….
СМ: Да де да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.
ГЈ: Оти он више знаеш, ги зел парите…
МП: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.
ГЈ: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви…
СМ: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.
ГЈ: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.
СМ: Важи, ајде.
ГЈ: Ајде, поздрав.
СМ: Чао.