На новинарско прашање, на вечерашната дебата, премиерот Заев на прашањето која ќе биде судбината на скапиот „мерцедес“, рече дека нема намера тој да се вози во него, ниту пак, кој и да е министер.
– Набавната цена на „мерецедесот“ е 580.00 евра, ако го продадеме, нема да му земеме повеќе од 440.000 евра. Најверојатно ќе го користиме само за високи, меѓународни делегации. Тој е оставен во некоја гаража, уништен изгребан, можеби од мачки или што е да е . Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓа оваа прескапо возило – рече премиерот.
– Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари – рече Заев.
На прашањето, што ќе испорача новата Влада во првите сто дена, Заев рече дека ќе испорачаат слобода и олеснување на семејниот буџет.
– Станува збор за 30 закони, некои со инпакт веднаш, а дел ќе се реализираат со пари од новиот буџет – истакна тој.
Заев рече дека ќе ги продолжи сте добри капитални инвестиции од старата влада, истакнувајќи дека секако ќе продолжи со изградбата на двата големи автопати.