Заев на средба со полскиот амбасадор Мултановски

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, планот за излез од кризата и за евроатланските интеграции на земјата.

9016614e-38ad-454e-b2c8-de4cb7309b46

„Објавивме план за излез од кризата, преку обезбедување на владеењето на правото и спроведување слободни, фер и регуларни избори, што поскоро. Врз база на принципите договрени во Пржино, треба да се организира влада која ќе ги исполни сите услови за фер и регуларни избори. На Македонија ѝ се потребни регуларни избори час поскоро, кои ќе бидат гарант дека слободната волјата на граѓаните ќе биде испочитувана во целост“, рекол Заев на средбата.

Заев додал дека неговата партија е отворена за дијалог за решавање на кризата во државата.

Како што пишува во соопштението од СДСМ, Заев и полскиот амбасадор заеднички констатирале дека повлекувањето на аболицијата е добра можност да се отвори пат за враќање на правдата.