Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамки на работната посета на Словенија, денеска оствари средба со словенечкиот претседател Борут Пахор, на која разговараа за актуелните случувања во Македонија и во регионот, соопшти СДСМ.

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран ЗАЕВ

– Претседателот Заев го запозна словенечкиот претседател Пахор за длабоката политичка криза во Македонија, напорите што ги прави СДСМ за нејзино решавање и овозможување неопходни услови за оддржување фер и демократски избори. Претседателот Борут Пахор ја истакна целосната поддршка што ја дава Словенија на Македонија за полноправно членство на земјава во ЕУ и НАТО. Постои согласност дека Република Македонија и Република Словенија се пријателски земји и дека е потребно продлабочување на меѓусебната соработа, се вели во соопштението.

Заев и Пахор, информира СДСМ, размениле мислења за бегалската криза и заклучиле дека е неопходна блиска соработка на безбедносните служби на земјите членки на ЕУ и на земјите на ЈИЕ.

– На средбата двајцата соговорници посветија значително внимание на случувањата во Франција и изразиле сочувство до жителите на Париз и до граѓаните на Франција како и солидарност со францускиот народ и целата демократска јавност, во борбата против заканите од тероризам, наведува СДСМ во соопштението. /МИА

Слични содржини