-Мијалков, Јанкуловска, Протуѓер, во соработка со главниот уредник на Сител – Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал5 – Емил Стоименов го договараат филмот апс на Бошковски за негово целосно понижување, а јавноста да биде згрозена од случувањата, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој во моментов од Бихаќка објавува нова снимка.

Заев вели дека уште на денот на апсењето на Бошковски, Мијалков знаел тој на колку години ќе биде осуден.
-Од разговорите ќе ви стане јасно какви заложници сме сите во сопствената држава, каде нема систем, туку се е издиригирано од таа мала група – фамилијата на Никола Груевски, посочува Заев.
Аудио-снимките коишто претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги објави на денешната прес-конференција и на кои, според опозицискиот лидер, јасно се гледа како и зошто е уапсен Љубе Бошкоски.