Првиот опозиционер Зоран Заев, на денешната објава на Бомбата 18 одговарајќи на новинарски прашања изјави, дека се што е договарање на криминал и кршење на човековите права, ќе биде објавено.

„Не може да изјавува, така одлучија пратениците. Тоа е грдото лице на Никола Груевски. Нашата пратеничка група гласаше против автентичното толкување. Прашајте ги ДУИ дали претходно знаеле дека има прислушување“, рече Заев.
За последните мерки за вработување кои ги ветува Груевски, Заев посочи ВМРО-ДПМНЕ дека се како кога давеник се фаќа за сламка за да ја спаси својата кожа.
„И Куманово да побара сега да стане главен град, тој ќе им го даде и тоа. Но, крајот е дојде. Да направиме, ова зло, да не се повтори никогаш“-изјави Заев.