Заев се сретна со австрискиот амбасадор Бајер

од desk3
187 прегледи

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од Сања Лукаревска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Австрија во Р. Македонија, Томас Михаил Бајер.

????????????????????????????????????

На средбата се разговараше за шансите за продолжување на разговорите што би довело до можно отворање преговори меѓу власта и опозицијата, како и за начините преку коишто може да се дојде до разрешување на длабоката политичка криза.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев оцени дека нормализација и демократизација на државата и институциите е возможна само преку организирање влада којашто ќе има задача да ја подготви земјата за организирање фер и демократски избори.

-За тоа се потребни подготовки и оттаму е потребата за функционирање на таквата влада, без учество на Груевски и инволвираните во инкриминирачките активности на власта, најмалку 6 месеци пред изборите. Притоа потребни се и хоризонтални и вертикални механизми за меѓусебна контролира на и во институциите, со што ќе се создадат услови за враќање на демократското функционирање на државниот систем, рече претседателот Заев.

На средбата се позитивно оценети активностите на граѓаните што се обединија кон мирното изразување на заложбите за слободна и демократска Македонија, како и постигнатиот граѓанско натпартиско единство независно од различностите по која било основа.